Македонија

Земјотрес со јачина од 2,5 степени регистриран во Охрид и Струга

Земјотрес со јачина од 2,5 степени регистриран во Охрид и Струга

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија,
на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија,
одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот
факултет во Скопје, веднаш после полноќ во 00 часот и 48 минути
регистрира земјотрес чии епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 102 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, M L 2.5.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата,
земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и блиската околина со
интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни