Македонија

Земјотрес со јачина од 4,5 степени регистриран во Македонија

Земјотрес со јачина од 4,5 степени регистриран во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија,
на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија,
одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот
факултет во Скопје, утринава во 5 часот и 04 минути регистрира земјотрес
чии епицентар потекнува од Република Албанија, на околу 158 км
југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, M L 4.5.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата,
земјотресот е почувствуван во југозападните делови на Републиката со
интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни