Балкан

Земјотрес со јачина од 4,5 степени во близина на грчкиот остров

Земјотрес со јачина од 4,5 степени во близина на грчкиот остров

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтер во близина на грчкиот остров Антикетира. Регистриран е рано утринава во јужниот дел на Егејското Море.

Потресот се случил во 04:20 часот по локално време.

Според податоците на грчката обединета национална сеизмолошка мрежа и Институтот за геодинамика во Атина, неговиот епицентар бил на 70 километри југозападно од Андикитира и 298 километри југозападно од грчката престолнина.

Нема информации за повредени или штети.

Според грчкиот весник Сити Тајмс, плиток земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на островот Крит. Националната опсерваторија на Атина (НОА) соопшти дека земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, што значи дека бил поблиску до површината и можел посилно да се почувствува.

Иако земјотресот бил плиток, неговата магнитуда била релативно мала. Ова значи дека е малку веројатно да се случи голема штета.

Најблиски градови до епицентарот се Мони Хрисоскалитисас (73 км), Палајохора (86 км), Кисамос (87 км) и Колимвари (100 км), каде што жителите можеби почувствувале слаби потреси.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни