Свет

Земјотрес со јачина од 7,3 степени го погоди Вануату – има жртви, причинета е голема материјална штета

Земјотрес со јачина од 7,3 степени го погоди Вануату – има жртви, причинета е голема материјална штета

Земјотрес со јачина од 7,3 степени го погоди денеска Вануату и според првите неофицијални информации има жртви и причинета е голема материјална штета. Во сила беше и предупредување за цунами.

Тихоокеанската островска држава беше погодена од земјотрес околу пладне по локално време.

Земјотресот бил во морето, на длабочина од 43 километри и на околу 30 километри од главниот град Порт Вила.

Во земјотресот беше оштетена и зградата во која се сместени дипломатските претставништва на САД, Франција и Нов Зеланд. Амбасадата на САД ќе биде привремено затворена поради штети.

Земјотресите се чести во Вануату, кој се наоѓа во зона на висока сеизмичка активност, Пацифичкиот огнен прстен.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни