Breaking Процес Брдо-Бриони во Охрид
Свет

Земјотрес со јачина од пет степени ја погоди Турција

Земјотрес со јачина од пет степени ја погоди Турција

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала го погоди округот Козан во јужната турска провинција Адана вечерва во 20 часот и 7 минути, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Земјотресот се случил на длабочина од 20,13 километри и бил почувствуван во околните провинции, соопшти АФАД.

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека веднаш биле испратени екипи за итни случаи за да ја проценат ситуацијата.

„Во моментов нема извештаи за неповолни ситуации“, рече Јерликаја.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни