Слаб земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала, го потресе утрово источниот дел на Македонија. Епицентарот бил во близина на Пехчево и Берово, на длабочина од 10 километри.
Земјотресот бил почувствуван и во другите околни градови, а не е причинета материјална штета.

