Свет

Зголемен е бројот на жртви од поплавите и свлечиштата во Венецуела

Зголемен е бројот на жртви од поплавите и свлечиштата во Венецуела

Бројот на жртвите во саботните поплави и свлечишта во Лас Техеријас, северна Венецуела, се зголеми од 25 на 36 лица, изјави министерот за внатрешни работи Ремиџо Себалос, цитиран од Франс прес.

„За жал, во моментов имаме 36 мртви .

како и 56 лица кои се водат за исчезнати“, објави Себаљос во видеото споделено на Твитер од неговото министерство.

Претходната бројка за бројот на исчезнати беше за 52 лица.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни