Македонија

Зголемен сообраќајот на граничните премини, 40 минути чекање на Богородица

Зголемен сообраќајот на граничните премини, 40 минути чекање на Богородица

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица, информираа од АМСМ, задржувањето од македонска страна е околу 40 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни