Македонија

„Жалам што 7 години не успеале да ја завршат“ – Мицкоски упати благодарност до СДСМ и ДУИ за германската инвестиција

„Жалам што 7 години не успеале да ја завршат“ – Мицкоски упати благодарност до СДСМ и ДУИ за германската инвестиција

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министрите денеска пред јавноста дава отчет што сработила Владата во првите 100 дена.

Тој ја потенцираше и новата германско-белгиска инвестиција за која претходната Влада истакна дека тие ја подготвувале.

„Би ги потенцирал германско-белгиската инвестиција, Епсотек, која што инвестира во развојно-истражувачки центар, алерт центар во индустриската зона на територија на Петровец. Вредноста е околу 20 милиони евра и нови 110 вработувања. Се сеќавате тогаш кога ја објавивме оваа инвестиција, поранешни членови на претходната влада на СДСМ и ДУИ рекоа дека тие ја подготвувале таа инвестиција. Еве да не останеме должни, јас ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на сите оние кои што учествувале во подготовката на овие инвестиции. Жалам што 7 години не успеале да ја завршат таа инвестиција и се радувам што во рок од еден месец ние успеавме да ги завршиме тие преговори и оваа инвестиција наскоро денеска ќе биде реализирана, односно ќе биде поставен камен темелник“, вели Мицкоски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни