Македонија

Жена од Битола лажно ветувала вработување во МВР – измамила човек за 22.500 евра

Жена од Битола лажно ветувала вработување во МВР – измамила човек за 22.500 евра

СВР Битола до Основното јавно oбвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.Л.(43) од Битола поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „измама” по чл.247 од КЗ.

Имено, пријавената во временскиот период од 15.09.2024 до 15.04.2025, со намера да прибави противправна имотна корист, довела во заблуда 64-годишно лице од Битола односно лажно му се претставила дека е вработена во МВР и дека ќе му помогне неговиот син да се вработи во МВР, како и за други постапки.

Оштетениот во повеќе наврати и исплатил пари во вкупен износ од 22 500 евра.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни