Швајцарската полиција уапси неколку лица откако 64-годишна жена изврши самоубиство користејќи таканаречена „капсула за евтаназија“.
Капсулата Sarco, која никогаш претходно не била користена, е дизајнирана да му овозможи на лицето внатре да притисне копче кое вбризгува азотен гас во запечатената комора. Лицето потоа треба да заспие и да умре од задушување за неколку минути.
Во соопштението на полицијата се вели дека обвинителите биле информирани од адвокатска канцеларија дека потпомогнатото самоубиство со капсула Сарко се случило вчера во близина на шумска кабина во Меришаузен, северна Швајцарија.
Поддржувачите на употребата на капсулата велат дека е позитивно што таа дава опција за евтаназија која не се потпира на лекови или лекари и дека го проширува пристапот до евтаназија.
Сепак, многумина стравуваат дека модерниот дизајн на уредот го велича самоубиството, а фактот што може да се ракува без лекарски надзор е, посочуваат, загрижувачки.
Патем, потпомогнатото умирање е нелегално во повеќето европски земји, но со текот на годините илјадници патувале во Швајцарија за да си стават крај на сопствениот живот.