Македонија

Жена загина во сообраќајка на патот Битола-Ресен

Жена загина во сообраќајка на патот Битола-Ресен

Жена загина во сообраќајка кај Ѓавато, информираат од МВР.

-На 23.04.2023 во 13.53 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Ресен, кај превојот „Ѓавато”, во атар на с.Ѓавато, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“, управувано од  И.А.(57) од Ресен и патничко возило марка „мерцедес”, управувано од  С.Ј.(52) од Ресен, двете со ресенски регистарски ознаки, велат од МВР и додаваат:

-. Од здобиените повреди на местото на несреќата починала И.А., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.  Сопатникот во возилото „сеат“ А.А.(56) од Ресен и возачот на возилото „мерцедес“ се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општа болница Битола. Увид извршила екипа на СВР Битола, информираат од МВР.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни