Македонија

Женски се првите бебиња родени во Кавадарци, Тетово и Прилеп

Женски се првите бебиња родени во Кавадарци, Тетово и Прилеп

Женски се првите бебиња родени годинава во Кавадарци, Тетово и Прилеп.

Во Кавадарци се роди внука на познатиот колекционер на стари автомобили Дионис Пашлаков од Неготино, за кого беше снимен и документарен филм.

Бебето е тешко 3.150 грама, долго е 50 сантиметри.

Еден час и половина по полноќ, девојче се роди и на Одделението за гинекологија во прилепската градска болница, а среќната мајка Низакете Керимоска од селото Црнилиште на свет го донесе своето второ дете.

Од болницата информираа дека и мајката и бебето се во одлична состојба.

Во Тетово во новата 2024 година, пет минути после полноќ е родено првото бебе во гинеколошкиот оддел при Клиничката болница.

Се работи за прво дете во семејството Мисими, а е родено со тежина од 3,5 килограми.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни