Жестока дебата меѓу Даути и Бектеши за струјата – ако компаниите се премислат, комисијата ќе ја смени одлуката

Владата да изнајде решение за цената на електричната енергија да се намали, особено во време на пандемијата, бара албанската опозиција. Власта се оградува велејќи дека не може да се меша во одлуките на независните комисии, како што е Регулаторната комисија за енергетика. Жестока дебата во синоќешната емисија „Клик Плус“ меѓу министерот за економија, Крешник Бектеши и опозициската пратеничка Илире Даути, од Коалицијата „Сега е време“.

Се вчитува...

-Даути: Нема потреба да се изморувате да наоѓате модалитети како да им помогнете на граѓаните! Еве помогнете им во однос на цената на електричната енергија! ДДВ-то на електричната енергија изнесува 18%
-Бектеши: Како се формриа цената на електричната енергија?!
-Даути: Формирајте ја како сакате! Само граѓанинот да добие сметка…
-Бектеши: Па не можеме да ја формираме како сакаме… кога се стремиме кон членство во ЕУ и се повикувате на независна комисија избрана од Вашите поранешни колеги… Таа Регулаторна комисија е независна.

Сега за сега се чини дека компаниите за дистрибуција на струја се задоволни од поскапувањето. Претседателот на РКЕ, тврди дека досега компаниите не доставиле никакво барање за промена на цените.

Бислимовски објаснува дека Комисијата не може да носи одлуки поради кои енергетските компании би претрпеле загуби, но како што вели, доколку тие се премислат околу цената на струјата, комисијата е подготвена да ја смени одлуката во секој момент.

Поскапувањето на струјата за 7.4% предизвика и протести во неколку градови. На протест излезе и опозицијата, но сепак ниту една опозициска партија досега не успеа да ја разниша одлуката на РКЕ, а ниту пак Владата од која беше побарано нешто против покачување на цената на електричната енергија. Од Владата велат дека не можат да се мешаат во одлуките на независните комисии.

.

Извор: ТВ21