Жичницата на Водно денеска нема да работи поради силен ветер

Жичницата на Водно денеска нема да сообраќа поради засилен ветер, информираа од ЈСП Скопје.

Од претпријатието посочуваат дека моменталната јачина на ветерот ги надминува дозволените безбедносни граници за нормално и сигурно функционирање, поради што е донесена одлука за привремен прекин на работата.

„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и веднаш штом ќе се создадат соодветни временски услови, жичницата ќе продолжи со редовен превоз на патници“, информираат од ЈСП.

Жичницата која води кон Водно е една од најпосетените рекреативни атракции во Скопје, особено за време на викендите и празниците, па ваквите прекини најчесто се поврзани со безбедносни причини.