Македонија

Жичницата на Водно не е во функција, еве зошто!

Жичницата на Водно не е во функција, еве зошто!

Жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради невреме, информираат од ЈСП „Скопје“.

Како што велат, најавата од УХМР е дека во текот на денот во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме, а јачината на ветрот ги надминува дозволените граници за објектот да може да  функционира непречено и безбедно.

Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците, додаваат од ЈСП.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни