Македонија

Жител на Кочани ги претепал сопругата и детето на брат му

Жител на Кочани ги претепал сопругата и детето на брат му

Жител на Кочани доби кривична пријава откако неговата снаа од брат пријавила дека тој ја нападнал нејзе и нејзиниот малолетен син, соопшти полицијата.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Ќ.А. (46) од Кочани, поради постоење основано сомнение дека извршил кривично дело „насилство“. На 18.01.2023 во Кочани, пријавениот физички ја нападнал неговата снаа од брат и нејзиниот малолетен син“, се вели во полициското соопштение.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни