Жителите на Коњари протестираат, бараат запирање на ископувањата во реката Пчиња

Копањето за вадење на песок од реката Пчиња, ги револтираше граѓаните на Горно Коњари. Попладнево, тие го блокираа главниот пат на селото. Велат дека овие ископувања еден ден ќе ги оставаат без вода за пиење, и дека поради тоа во опасност се доведуваат нивните ниви и животната средина, преку сечење на дрва. Жителите велат дека компанијата која го врши ископувањето нема никаков документ за тоа и дека не се информирани што конкретно се прави во реката Пчиња.

Жителите велат дека се уништуваат нивите и дека тешката машинерија ги оштетува асфалтираните патишта.

Се вчитува...

Од општина Петровец им кажале на граѓаните дека на никому не дале дозвола за ископувања во таа зона. Револтираните жители велат дека доколку не се запре со ископувањата, тие ќе продолжат и понатаму да протестираат.

Репортер: Африм Јонузи

Извор: ТВ21