Жителите на Црни Врв, општина Студеничани, велат дека веќе неколку дена се изолирани. Обилните снежни наноси го блокирале патот на селото кое се наоѓа во периферијата на Скопје. Жителите самите излегле да го чистат снегот, како што може да се види во ова аматерска снимка која стигна во редакцијата на ТВ21.
Да се исчисти патот, државата да даде нешто.
Дали имате храна?
Немаме, каде да најдеме, има многу снег.
Колку дена сте блокирани?
Веќе 1 месец.
Дали дојдоа од општина да го чистат снегот?
Дојдоа, но полошо направија и оставија.
Селото Црни Врни има 150 жители, тие бараат од локалните власти, но и од Центарот за управување со кризи да им излезат в пресрет и да го деблокираат патот.
Во испратеното видео, жителите тврдат дека кој нив отишол булдожер за да го чисти патот, но се вратил назад, оставајќи го патот како што беше.
Од општина Студеничани, во текот на денот побаравме одговор за проблемот на жителите на Црни Врв. Официјален одговор не добивме, но неофицијално портпаролот на ова општина ни рече дека ќе интервенираат и дека патот наскоро ќе биде исчистен.
РЕПОРТЕР: БЕСИР АРИФИ