Македонија

Жолто ниво во Македонија, на сила предупредување за можни поплави

Жолто ниво во Македонија, на сила предупредување за можни поплави

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде предупредување од жолто ниво за можна опасност од поплави за периодот од 19 до 20 ноември 2025 година.

Според издадениот хидроаларм, состојбата со водотеците во земјата се оценува како потенцијално опасна.

Како што може да се види на картата од УХМР, поголемиот дел од територијата на земјата е означен со жолта боја, што укажува на потенцијална опасност, додека источниот и југоисточниот дел е означен со зелена боја, што значи дека таму нема опасност од излевање на водотеците.

УХМР апелира до граѓаните во регионите означени со жолто да бидат внимателни и да ги следат сите известувања за состојбата со реките и водотеците.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни