Македонија

Златко и Владимир од Македонија ги спасија животите на повредените во нападот во Магдебург: Амбасадата објави за 2 херои

Златко и Владимир од Македонија ги спасија животите на повредените во нападот во Магдебург: Амбасадата објави за 2 херои

Амбасадата на Македонија во Германија соопшти дека двајца македонски лекари Златко Станковски и Владимир Митевски, вработени во болницата во Магдебург, придонеле за згрижување на повредените во крвавиот напад на божиќниот панаѓур во овој германски град.

– Горди сме на д-р Златко Станковски и д-р Владимир Митевски. Златко е прилепчанец, а Владимир од Радовиш. Тие работат како специјалисти по интерна медицина и интензивна нега во болница во Магдебург. Тие синоќа придонесоа за спасување и лекување на повредените во трагедијата во Магдебург. Горди сме на нашата дијаспора, објавено е на Фејсбук профилот на Амбасадата на Северна Македонија во Германија.

Мотивите на сторителот за неговите постапки засега остануваат непознати, но можеби имало улога неговото незадоволство од односот на Германија кон бегалците од Саудиска Арабија, изјавија обвинителите на истиот брифинг.

Телеб А.(50) синоќа со својот автомобил влетал во толпата на божиќниот саем во центарот на овој германски град, при што загинале пет лица, а 200 се повредени. Наводно бил под дејство на дрога.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни