Македонскиот теквондист Максим Арсовски се закити со златен медал на Европските мулти-игри во Ниш, Србија, со што продолжува со одличните настапи на меѓународната сцена.
Членот на Теквондо клубот „Штип“ до првото место стигна по две убедливи победи. Во полуфиналето Арсовски го совлада претставникот на Србија со 2:0, а во финалната борба беше подобар и од натпреварувачот од Турција, повторно со резултат 2:0.
Европските мулти-игри во Ниш се одржуваат од 10 до 13 септември, а на престижниот турнир настапуваат 1.967 натпреварувачи од 536 клубови, со поддршка на 507 тренери.
Од Теквондо клубот „Штип“ најавија дека во Ниш ќе настапат и Антонио Арсовски, Душица Бреслиева и Паола Арсовска.
Турнирот во Ниш собра теквондисти, тренери и делегации од повеќе европски и светски земји, а македонскиот спорт доби уште еден значаен резултат со златото на Арсовски.