Македонија

ЗНАМ ги претстави носителите на кандидатските листи за претстојните избори!

ЗНАМ ги претстави носителите на кандидатските листи за претстојните избори!

Партијата на Максим Димитриевски ЗНАМ ги претстави носителите на кандидатските листи за претстојните парламентарни избори и тоа во сите шест изборни единици.

Двајца носители на листи се потпретседатели на партијата на Максим Димитриевски.

Носител на листата во Изборна единица 1 е Бобан Карапејовски, професор на Филолошкиот факултет на УКИМ. Носител во ИЕ2 ќе биде Даниел Стојчевски, м-р по кривично право, директор на ЈП Чистота и зеленило во Куманово и претседател на Општинската организација на ЗНАМ.

Носител на листата во Изборната единица 3 ќе биде Павле Арсовски, генерал-мајор во пензија, доктор по историски науки. Во ИЕ4 листата ќе ја предводи економистот Миле Цеков, претседател на Стопанска комора на југоисточна Македонија и претседател на ОО на ЗНАМ во Струмица.

Листата во Петтата изборна единица ќе ја предводи Весна Бендевска, поранешна пратеничка и член на КСЗД, по професија психолог, а за носител на листата во ИЕ6 е избран Небојша Захариевски, правник и претседател на ОО на ЗНАМ во Тетово.

Во недела пак, ЗНАМ ќе одржи и промотивна конвенција на која ќе ги претстави носителите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни