Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба за обдукција врз телата на тројцата загинати, со цел утврдување на причините.
Четворица од повредените во несреќа кај тунелот во близина на Катланово се пренесени на КАРИЛ, двајца од нив се уште се во критична состојба.
Несреќата се случи завчера попладне кога од за сега непознати причини патничко комбе се преврти при што три лица загинаа, а делницата беше блокирана за сообраќај цела вечер.