Денеска официјално е потпишан тендерот за гасификација на Гинеколошката болница во Чаир, Мајка Тереза. Вака извести министерот за здравство Венко Филипче.
Венко Филипче, Министер за здравство
Н – Дали го потпишавте тендерот за Гинекологија во Чаир?
Да, синоќа ја започнавме постапката.
Меѓутоа, на прашањето дали ќе се затвори клиниката, Филипче не беше јасен. Тој рече дека законот за оглас и спроведување на тендерот може да се спроведе за 30 дена.
Вчера градоначалникот на Град Скопје рече дека стои зад временскиот рок што и го дал на оваа клиника за да најде решение за проблемот со загадувањето на воздухот. И денеска од Град Скопје за ТВ21 информираат дека се уште немаат официјални информации од Министерството за здравство ниту од Клиниката во Чаир во врска со почетокот на процедурата за решавање на проблемот со Гинекологија Мајка Тереза во Чаир. Ова остава простор да се сфати дека сепак постои опасност за затворање на оваа гинеколошка болница во која годишно се раѓаат околу 4 илјади бебиња.
Од Министерството за здравство информираат дека проблем предизвикува талогот од мазутот со кој се грее клиниката. Од овој оддел велат дека по болницата во Чаир, на ред за гасификација ќе бидат болниците во Куманово и Струмица.
РЕПОРТЕР: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ