Македонија

Ѕвездено небо во чест на Панчо утревечер на плоштадот во Штип

Ѕвездено небо во чест на Панчо утревечер на плоштадот во Штип

Штип утревечер ќе го подигне погледот кон небото за да му оддаде почит на човекот што светеше меѓу нас – Панчо кој беше повреден во трагичниот пожар и денеска ја загуби битката за живот.

Во негова чест, граѓаните ќе се соберат во 20:00 часот на Градскиот плоштад под мотото „Ѕвездено небо во чест на Панчо“, симбол на светлината што ја остава зад себе.

Организаторите повикуваат сите што го познаваа, но и сите што сакаат да изразат поддршка и сочувство, да го споделат повикот и да присуствуваат.

„Небото да блеска како што Панчо блескаше со сите нас,“ стои во повикот што брзо се шири на социјалните мрежи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни