Балкан

10 минути со Гордана Бјелетиќ за протестите во Србија и „македонското сценарио“

1. Србија во овие моменти го преживува она што Македонија го преживуваше пред неколку години. Дали има моќ опозицијата во Србија да направи нешто повеќе освен да излегува на протести?

Прво да се согласам дека состојбата е таква. Јас со години известував од Македонија и знам одлично каква беше состојбата и како дојде, да го наречам до расплетот кој сега е кај вас. Со колегите од Македонија често зборуваме дека сега ги сменивме улогите. Некогаш тука имаше интерес за бурните случувања во Македонија, па секогаш ние одевме таму, сега тие цело време мене ми се јавуваат и цело време доаѓаат тука да видат што се случува во Србија. Некаква паралела постои. Имавте и вие во Македонија многу протести. Знаете како тргна тоа, па потоа дојде до „Шарена револуција“. Но, она што ја разликува состојбата во Македонија низ која поминавте и она што сега се случува во Србија околу протестите е тоа што Македонија цело време имаше голема поддршка, не само од ЕУ, туку просто во некои моменти имав впечаток дека не постои странски дипломат кој во тој момент не е во Македонија кога е важно, за време на избори и за време на сите големи случувања. Работеа и околу медиумите. И уште една работа. Во Македонија опозицијата и јавноста тогаш бараа пред се слобода на медиумите. Имаше страшна кампања во некои медиумите, распространет беше говорот на омраза. Бараа да се среди избирачкиот список за да можат на демократски начин да бидат спроведени изборите. Апсолутно основните барања се исти и на овие протести, но пресудна разлика е тоа што во Македонија се се случуваше под будно око на меѓународната заедница, што тука не можам да го препознаам. Не можам да видам било каков нивен интерес, да се вмешаат, да направат притисок врз власта, да ги средат медиумите, да ја гарантираат слободата на медиумите, да се прочисти избирачкиот список, да се гарантираат слободни избори, на кои нема да може да се злоупотребат гласачите. Тоа, засега не се случува. На протестите некогаш има голем број на луѓе, некогаш помалку, но се злоупотребуваат бројките секој во своја корист. Не може да се каже дека тие протести спласнуваат, непредвидлива е состојбата. Знаете што тоа значи. И кај вас често пати беше непредвидливо. Мислам дека клучот сепак е во тоа дали некој од страна ќе се вмеша. Некој, кој има сила да изврши притисок врз власта да попушти и испочитува некои демократски принципи кои во овој момент ги нема, односно не се почитуваат.

2. Хипотетички, доколку утре се одржат избори, дали ќе се смени нешто. Дали здружената опозиција би победила или партијата на Александар Вучиќ би останала на власт?

Изборите би биле протоколарни, не избори во демократска смисла. Ништо важно не би се сменило. Битен е целиот процес, битно е тоа што избирачки список не го одразува вистинскиот број на избирачите кои што тука живеат. Избирачкиот список е голема алатка за манипулација со гласовите на избирачите. Голем процент власта може да добие во своја корист. Она што во Србија во последните години се разви како механизам е големиот притисок во малите средини. И кај вас на избирачките места, имаше дури и убиства. Тука засега ја нема таа атмосфера, но состојбата навистина води кон таа атмосфера. Луѓето кои живеат во Белград не го гледаат тоа, но во малите градови има криминалци кои одат од куќа до куќа, се закануваат, ги присилуваат да излезат и да гласаат. Она што е потполно јасно е тоа дека има развиен систем во Србија. Луѓето се обврзуваат да гласаат за владејачката партија бидејќи се уценети, со работни места или било што. Тоа мора да го докажат со фотографирање на самото гласачко место, а тоа се разбира не е дозволено со закон. Гласањето е тајно. Сето тоа треба да се подразбира, но тука кај нас ништо не се подразбира. Тоа би бил мојот одговор на прашањето. Избори може да има, ама ништо нема да се смени. Претходно мора да направат многу работи, за да можеме да кажеме дека имаме демократски избори. Она што сега го имаме, не личи на демократија.

3. На што мислат Вучиќ и Стефановиќ кога спомнуваат „македонско сценарио“. Во која конотација го спомнуваат „македонското сценарио“? Дали сметаат дека народот и опозицијата сакаат насилно да го сменат, бидејќи упадот во РТС го окарактеризираа како насилен чин?

Тие често пати зборуваат за „македонско сценарио“, го користат во повеќе различни ситуации. Претпоставувам дека некогаш мислат и за тоа за кое ти зборуваш. Некогаш го користат воглавно да покажат дека некој без поддршка на избирачите сака да ја освои власта со помош на некои странски сили. Секогаш кога сакаат да поддржат некоја теорија на завера го користат тој термин. Но, тоа „македонско сценарио“, единствен правилен начин тој термин да се користи е опозицијата, или било кој, кој се залага за демократија, пред било какви избори треба да инсистира да се воведат барем основните правила во демократските земји. Мене ме прашуваш што мислат Стефановиќ и Вучиќ. Па тие не одговараат на новинарски прашања, која не се нарачани. Ниту јас немав многу подобро искуство. Кога ќе им поставите прашања кои не се нарачани, многу често одговараат со навреди. Така што и сега да ги прашам што мислат конкретно, мислам дека нема да ми кажат.

4. Колку се слободни и дали има купени медиуми од страна на власта?

Претпоставувам дека купиле се што можеле да купат. Некои, претпоставувам исто така се нудеа сами. Многу е лоша состојбата со медиумите тука. Пред малку зборувавме за тоа. Би било едноставно на пример да се организираат медиумите кои работат професионално. Професионално значи не работат ниту за власта ниту за опозицијата, само во интерес на јавноста. Би било лесно да се здружат овие медиуми, бидејќи не има многу малку. Тоа што сме малку не значи дека немаме сила. Многу се следи и има реакции, од јавноста, но и од политичарите. Тоа го гледаме според нивните постапки за она за што ние известуваме. И натаму трае тоа, буквално е секојдневна борба. Мислам дека тие сакаат да нема буквално ниту еден слободен медиум во оваа земја. Тоа е мој впечаток, од позиција на новинар, но и од позиција на уредник. Притисокот е голем. Во редакција секој ден ги прашувам колегите, воглавно млади и добри новинари, кој денеска ти викаше тебе. Просто, не можеме да кажеме дека сме демократско општество, да постојат вредности, да се спроведуваат законите. Не можеме да кажеме дека сме општество кое е подготвено за слободни медиуми.

РЕПОРТЕР: ЕДИН РАСТОДЕР

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни