Поврзи се

Македонија

100 илјади живеат во сиромаштија – 500 илјади граѓани денот го поминуваат со 130 денари

Published

on

Питачи на секој чекор кај Камен мост, во Старата скопска чаршија, но и на други места. Ковид- 19 уште повеќе ја влоши финансиската состојба на граѓаните. Студијата на Институтот Finance Think покажа дека поради пандемијата околу 100.000 граѓани во земјава живеат во сиромаштија. Речиси 500.000 граѓани денот го минуваат со помалку од 130 денари, додека 25.000 луѓе трошат по 44 денари  на ден. Од Институтот сметаат дека младите до 29 години и луѓетокои земаат со ниски плати, се најпогодени од ситуацијата. На Светскиот ден за борба против сиромаштијата, премиерот Зоран Заев им се обрати на граѓаните преку видео-порака. Заев порача дека нема да дозволи никој да остане незгрижен.

-Текстот продолжува по рекламата-

Веднаш со реакција се јави и опозициската партија, ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата го обвинија Заев дека ја осиромашил земјата и дека економските пакети не дале никаков ефект.

„Над 40.000 граѓани останаа без своите работни места во ек на пандемија. Четвртиот пакет на мерки како и сите претходно за време на коронакризата беа ненавремени, задоцнети и недоволни, СДСМ остави на цедило над 14.000 мали претпријатија сами да се справуваат без никакви приходи. На Светскиот ден за борба против сиромаштија СДСМ може да се пофали со над 450 илјади граѓани на раб на егзистенција“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Владата на Заев ја зголемила стапката на сиромаштијата за 6%, осврнувајќи се и на покачувањето на електричната енергија за 7.4%.

.

Извор: ТВ21

Совет за етика во медиуми

Македонија

Ковачев: Бугарија не е фашистичка држава, ниту владеел некој фашист, ниту пак царот Борис е фашист

4NEWS.mk

Ќе доцнат ли платите во ноември?

Македонија

Поштата пропадна, кој ќе сноси одговорност? – Директорот молчи, Владата лош менаџер

Македонија

Дилема меѓу ДУИ и СДСМ за „државни патишта“? – ТВ21 дознава дека ЕУ ќе додели 1 милијарда евра за инфраструктура

4NEWS.mk

Стоилковски: Издадена е наредба за мое присилно приведување

4NEWS.mk

Првичните анализи готови – Имало ли коронавирус во Македонија и пред 26 февруари?

Македонија

Таравари: Да се формира широка коалиција поради Ковид-19, а потоа со локалните одиме и на парламентарни избори

Македонија

Филипче: Мини жаришта во моментов се Скопје, Штип и Струмица, овие мерки кои ги предлагаме ќе дадат резултат ако се почитуваат

Македонија

Со 1,3 милиони евра си купувал плацеви на Водно – ОЈО: Донациите за партијата, завршиле кај Груевски

Македонија

„Ако сега Бугарија ја спречи РСМ кон ЕУ – нема да може да се користат европските фондови“

Македонија

ЕКСКЛУЗИВНО Николовски во Клик Плус: Ќе побарам оставка од Лидија Димова!

Македонија

Во градскиот парк во Кавадарци од денеска и официјално започна со работа регионален вински музеј

Музика и Филм

Уште една „ приказна“ за сите нас, Васил Гарванлиев ја промовираше новата песна

Музика и Филм

Со ангелски глас и песна во модерен ритам Сања Димова ќе ја освојува домашната сцена

Македонија

Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?

Македонија

Венко Филипче тројно погледан на ТВ21 од Канал 5 телевизија

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com