Македонија

11 починати за 24 часа од коронавирус, заразени 468 нови лица

Според информациите од Министерството за здравство, а согласно податоците од Институтот за јавно здравје, регистрирани 468 нови случаи на коронавирус, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 192.288.

Оздравени се 284 пациенти – пријавени се 11 починати лица.

Направени се 4.295 тестирања, а регистрирани се 468 новислучаи на КОВИД-19:
Скопје – 227, Куманово – 41, Штип – 26, Велес и Охрид – по 23, Кавадарци – 16, Струмица – 13, Прилеп, Кочани и Крива Паланка – по 11, Битола – 8, Гевгелија, Свети Николе, и Радовиш – по 7, Тетово, Виница и Пробиштип – по 5, Струга – 4, Неготино, Ресен, и Валандово – по 3, Кичево, Кратово и Богданци – по 2, Гостивар, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1 .

• Регистрирани сe 284 оздравени пациенти од: Скопје – 149,Куманово – 28, Кавадарци – 14, Велес – 13, Битола – 10, Шип – 9, Струмица, Кичево и Гостивар – по 7, Прилеп и Кочани – по 6,Свети Николе и Валандово – по5, Гевгелија, Виница и Кратово – по 3, Делчево и Неготино – по 2, Крива Паланка, Радовиш, Ресен, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.

• Во текот на изминатите 24 часа починале 7 лица: 2починати лица од Скопје ( 61г, и 91г), по едно починато лице од Кочани (74г), Виница (69г), Кичево (56г), Прилеп (73г), и Струмица (69г).​

Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.297.190 тестирањана Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 190.288бројката на оздравени пациенти е 173.332, на починати е 6.694, а бројот на активни случаи изнесува 12.262.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни