Македонија

Пожар во „8 Септември“: Гореле инвалидски колички на балкон на седмиот кат

Пожар во „8 Септември“: Гореле инвалидски колички на балкон на седмиот кат

Инвалидски колички гореле на балкон на седмиот кат во болницата „8 Септември“, на Одделението за ортопедија. Пожарот е изгаснат, а дел од пациентите биле евакуирани.

Командирот на скопската противпожарна бригада, Звонко Томески, вели дека се запалиле инвалидски колички.

Пациентка за 4news.mk раскажува дека била на преглед кога забележале чад, по што веднаш излегле надвор.

Дел од пациентите сè уште се надвор од болницата. Во тек е полициски увид за утврдување на околностите под кои настанал пожарот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни