Поврзи се

Македонија

12 години без вода, учениците од Смесница како во друг век

Училиштето од село Смесница во општина Зелениково веќе 12 години се соочува со недостиг од вода. Поради тоа учениците не можат да ги користат тоалетите кои се изградени пред неколку години со пари од донација. Нашата камера ги сними новите тоалети во училиштето кои и натаму не се во функција.

„Како што се гледа од снимките, во училиштето владеат мизерни услови. Тоалетите  се изградени, но не можат да се пуштат во употреба бидејќи нема вода, а тоа е основниот предуслов, и затоа се користи стариот тоалет“, изјави Исмет Саити, жител на Смесница.

Тој вели дека училиштето е запоставено и од општината. Тоа функционира благодарение на донацијата од еден Албанец кој што во 2004 година инвестирал во ова училиште.

За состојбата на училиштето, ТВ21 го праша и министерот за образование, Арбр Адеми кој што вети дека ќе го земе предвид овој случај.

„Министерството за образование и наука секогаш изразувало и ќе продолжи да изразува подготвеност да интервенира во одредени случаи за кои ќе се утврди дека има потреба од интервенција. Така што ќе го разгледаме и овој случај и ќе видиме какви активности ќе преземеме“, изјави Арбр Адеми, министер за образование.

Единствениот советник кој што е Албанец во општина Зелениково, Расим Муратовски, вели дека е известен за овој проблем и за истиот реагирал во општината.

„Во ваква состојба сме со години. Јас лично имам разговарано со градоначалникот на општината неколку пати. Неговиот одговор е дека оваа година ќе ги преземе сите мерки за подобрување на состојбата“, – Расим Муратовски, советник во општина Зелениково.

Одговор за состојбата на селото побаравме и од градоначалникот на Зелениково, Борче Гиевски. Тој не беше подготвен да се произнесе за нашата телевизија. Според жителите, запоставувањето на селото и училиштето не е случајност. Тие се сомневаат дека постои план, заради недостиг на услови, албанските жители да се иселат од оваа зона.

Репортер: Мевљудин Имери

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com