Балкан

Ескалација на протестите во Тирана: Полицијата употреби солзавец и бибер-спреј против демонстрантите

Ескалација на протестите во Тирана: Полицијата употреби солзавец и бибер-спреј против демонстрантите

Судирите меѓу демонстрантите и полицијата во албанската престолнина Тирана ескалираа пред Министерството за образование, каде што полициските сили употребија солзавец и бибер-спреј за да ја растурат толпата. Дел од учесниците на протестот запалиле корпи за отпадоци и ги туркале кон полициските службеници, објави албанската новинска агенција АТА.

Ситуацијата дополнително се влошила откако маскирани лица почнале да фрлаат камења и други предмети кон полицајците. Полицијата возвратила со средства за растерување на толпата, а на локацијата биле распоредени и водени топови.

Протестот првично бил организиран како студентски митинг, но подоцна се појавиле несогласувања и судири меѓу студентите и претставниците, односно поддржувачите на опозициската Демократска партија.

Студентите се обиделе да го спречат приклучувањето на приврзаниците на партијата на поранешниот премиер и претседател Сали Бериша. Со транспарентот „Рама во затвор, Бериша во затвор“, тие испратиле порака дека не сакаат политичките партии да го преземат протестот.

Иако Бериша претходно ги повика граѓаните да ги поддржат студентите, младите го изразија своето несогласување со вклучувањето на партиските структури во нивното движење.

Студентските протести во Тирана започнаа на 13 октомври, поради незадоволството од условите на универзитетите, високите трошоци за студирање, недоволната финансиска поддршка и ограничените можности за вработување по дипломирањето.

Со текот на времето, демонстрациите прераснаа и во пошироки антивладини протести, со барања за оставка на премиерот Еди Рама и формирање техничка, односно преодна влада. Во претходните протести имаше судири со полицијата, оштетување на јавни објекти и деловни простории, а стотици учесници беа приведени.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни