Македонија

12 возачи приведени во изминатото деноноќие поради безобѕирно управување со моторно возило

12 возачи приведени во изминатото деноноќие поради безобѕирно управување со моторно возило

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации на територијата на државата, полициски службеници лишиле од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, осум управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за М.Д.(22), Д.М.М.(41), М.К.(36) од село Кучевиште, скопско, М.С.(27) од село Арачиново, скопско, А.Д.(20) од село Озормиште, тетовско, Е.А.(19) од село Романовце, кумановско, Д.К.(51) од Прилеп и Ф.А.(18) од село Радилишта, струшко.

Двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол, и тоа З.Р.(43) од Скопје и С.Н.(56) од Охрид.

В.Т.(45) од село Калишта, струшко, и В.М.(27) од Куманово управувале патничко возило и покрај активна мерка забрана за управување со моторно возило, при што В.М. истовремено бил и под дејство на алкохол.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, со активна забрана за управување или под дејство на алкохол. Одговорното однесување на секој учесник во сообраќајот е од суштинско значење за спречување на сообраќајни незгоди, заштита на човечките животи и создавање побезбеден сообраќај.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни