Македонија

13 годишниот Марко од Охрид цела ноќ ќе плива по Охридското езеро за децата со ретки болести

Тринаесетгодишниот охриѓанец Марко Пејчиновски попладнево го стартуваше својот најнов подвиг, овојпат во обид да преплива 64 километри во знак на поддршка на лицата со ретки болести.

Марко во вода влезе попладнево околу 18 часот, во придружба на неговите најблиски, лекарски тим, официјални лица и екипа што ќе го следи. Тој од кај Градското пристаниште со решителни завеслаи се упати кон Свети Наум, делница што ќе ја плива во текот на целата ноќ. Се очекува кружната трка преку езерото Охрид-Свети Наум-Струга-Охрид да ја заокружи утре на празникот Голема Богородица на истото место од каде што тргна.

Марко Пејчиновски минатата година направи подвиг за паметење, откако за околу девет часа го преплива Охридското Езеро од Свети Наум до Охрид. Тој е најмладиот пливач кој ја препливал таа делница, со што влезе меѓу легендите на пливачкиот маратон. Успехот на Марко е дотолку поголем оттаму што и самиот тој се соочува со здравствени проблеми односно има доживеано инфаркт на коска на долните екстремитети.

За овој негов подвиг се изработени маички во бела и црна боја кои ќе се продаваат на специјален штанд кој утре ќе биде поставен кај градското пристаниште од 12 часот. Средствата од продажбата на маичките ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

И официјално МАРКО само што го започна маратонот! За нас тој е уште сега ПОБЕДНИК🥇!Секоја ЧЕСТ ГОЛЕМ ЧОВЕКУ!

Gepostet von Marko Pejchinovski am Dienstag, 27. August 2019

На 3,5км од почетокот на маратонот.Дестинацијата е вкупно 64км Охрид-Св.Наум-Струга-Охрид!Среќно и со лесно.

Gepostet von Marko Pejchinovski am Dienstag, 27. August 2019

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни