Македонија

15 годишно дете со автоматски пушки го извршило убиството викендов во Тетово

15 годишно дете со автоматски пушки го извршило убиството викендов во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против четири лица – тројца возрасни и едно дете – осомничени за крвавиот оружен напад што се случи на 10 август на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, во кој едно лице загина, а повеќе други беа тешко повредени.

Еден од осомничените и детето, родено во 2010 година, се товари дека со умисла, користејќи автоматски пушки, убиле едно лице и довеле во опасност животот на други присутни. Меѓу повредените има и дете родено во 2012 година, кое било погодено во ногата.

Според обвинителството, по првичните истрели, вториот осомничен и уште едно лице одговориле со оган користејќи пиштоли, при што погодиле уште едно лице во пределот на градниот кош, а куршуми завршиле и во возило на жена чииот живот бил загрозен.

Поврзана објаваВИДЕО Полицијата трага по убиецот, повреден и еден случаен минувач во Тетово

За сите осомничени, вклучувајќи го и малолетникот, јавниот обвинител предложи притвор кои судот ги прифати.

Поврзана објаваВИДЕО Први снимки од местото на трагедијата во Тетово: Убиен маж во автомобил!

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни