Свет

15 трговски центри во Москва евакуирани поради лажни дојави за бомби

Анонимни повици за „минирање“ на најголемите трговски центри во Москва ги вознемири дел од жителите на овој град, а притоа евакуирани се 15 трговски центри или 4.500 луѓе.

Меѓутоа откако било утврдено дека повиците биле лажни, веднаш започнала операција за откривање на сторителите на ова дело.

Засега истрагата покажала дека повиците дошле надвор од Русија, и се превземаат мерки за пронаоѓање на местото на ширењето на лажните дојави.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни