Македонија

16 лица ја изгубија битката со ковид-19 – најмладиот 33 години

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.440 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на КОВИД-19.

Регистрирани сe 376 оздравени пациенти, и 16 починати лица.

  • 4 починати лица од Скопје (42г, 54г, 64г и 80г)
  • 2 починати лица од Битола (33г и 86г)
  • 2 починати лица од Штип (62г и 78г)
  • 2 починати лица од Кочани (55г и 82г)
  • 1 починато лице од Прилеп (74г)
  • 1 починато лице од Охрид (86г)
  • 1 починато лице од Велес (80г)
  • 1 починато лице од Крива Паланка (77г)
  • 1 починато лице од Богданци (58г)
  • 1 починато лице од Демир Хисар (83г).

Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице со датум на смрт од 30.11.2021.  Починатото лице е од Кавадарци, на возраст од 63г, невакцинирано и починато во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.476.534 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 216.328, бројот на оздравени пациенти е 200.669, на починати е 7.609, а бројот на активни случаи изнесува 8.050.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни