Во живо Ноќно студио во живо Бленди Ходаи Гледај
Македонија

ЕУ со нови 338 милиони евра за Македонија, Албанија и Црна Гора – Брисел бара забрзување на реформите

ЕУ со нови 338 милиони евра за Македонија, Албанија и Црна Гора – Брисел бара забрзување на реформите

Европската комисија најави дополнителна финансиска поддршка од 338 милиони евра за Македонија, Албанија и Црна Гора во рамките на Планот за раст за Западен Балкан. Според претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, средствата треба да бидат исплатени во следните недели.

За Македонија се предвидени дополнителни 10 проценти од досега предвидените 750 милиони евра, односно околу 75 милиони евра.

Од Брисел повторно беше упатена порака до земјите од Западен Балкан да го забрзаат спроведувањето на реформските агенди за максимално искористување на финансиските средства. Преку Планот за раст, Европската Унија предвидува до шест милијарди евра за поддршка на реформите и инвестициите во регионот.

„Сакаме да му дадеме на Западен Балкан пристап кон повеќе придобивки на нашиот единствен пазар пред членство, па отвораме одредени сектори каде кандидатките прикажуваат реформи поддржано од финансирање од ЕУ“, изјави фон дер Лајен.

Во декларацијата усвоена по самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел, Унијата ја нагласи важноста на регионалната соработка, помирувањето, добрососедските односи и спроведувањето на меѓународните договори со добра волја и конкретни резултати.

Во тој контекст, повторно беше посочено значењето на исполнувањето на обврските од Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека Македонија продолжува со реализација на проектите од реформската агенда, изразувајќи очекување дека земјата и во декемврискиот извештај ќе постигне најдобри резултати. Истовремено, тој побара европскиот интегративен процес да се темели на заслуги и исполнети реформи, наместо на билатерални прашања.

„Ние сме тие кои што зборуваат дека доста е од билатерализација, доста од билатерални прашања, да зборуваме за заслуги, да зборуваме за учинок и ние како Македонија тоа го правиме и тука. Ќе се бориме за она кое што е наш аргумент, ќе се бориме за македонските граѓани“, изјави Мицкоски.

Меѓу конкретните придобивки од постепеното интегрирање на Западен Балкан во единствениот европски пазар е и предвиденото укинување на дополнителните трошоци за роаминг меѓу земјите од регионот и Европската Унија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни