Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, од направени 1.245 тестирања, регистрирани се 118 нови случаи на КОВИД-19.
Регистрирани сe 396 оздравени пациенти, додека пак 18 лица ја изгубиле битката со ковид-19 во изминатите 24 часа.
- 6 починати лица од Скопје (63г, 68г, 70г, 71г, 72г и 89г)
- 3 починати лица од Струмица (71г, 73г и 87г)
- 2 починати лица од Пробиштип (60г и 67г)
- 2 починати лица од Неготино (66г и 90г)
- Едно починато лице од Битола (81г)
- Едно починато лице од Демир Хисар (87г)
- Едно починато лице од Кочани (78г)
- Едно починато лице од Кратово (79г)
- Едно починато лице од Штип (65г).
Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 4 починати лица со датум на смрт од 03.11.2021 до 26.11.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Куманово (1) и Пехчево (1). Починатите лица се на возраст од 61г до 88г. Две од пријавените лица се починати во болнички услови и две лица во домашни услови .
Досега во земјата се направени вкупно 1.468.996 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.125, бројот на оздравени пациенти е 199.460, на починати е 7.569, а бројот на активни случаи изнесува 8.096.