Свет

19 загинати во судирите во Иран, меѓу нив и еден командант

19 загинати во судирите во Иран, меѓу нив и еден командант

19 луѓе загинаа во судирите во источен Иран, објави Асошиетед прес.

До судирите дојде откако вооружени сепаратисти нападнаа полициска станица во источниот град Захедан. Меѓу загинатите е и командант на Иранската револуционерна гарда.

Засега не е јасно дали нападот што се случи вчера е поврзан со антивладините протести кои ја зафатија целата земја.

Иранската новинска агенција ИРНА објави дека се уапсени девет странци кои учествувале во протестите.

Државната телевизија објави дека вооружени сепаратисти се сокриле меѓу верниците пред џамија и нападнале полициска станица во близина на светилиштето во Захедан. Државната новинска агенција ИРНА цитира очевидци дека 19 лица загинале, а 15 се ранети, но засега нема официјална потврда за оваа информација.

Новинската агенција Тасним објави дека шефот на разузнавачкиот оддел на Револуционерната гарда на Иран, Саид Али Мусави, бил застрелан за време на нападот, а подоцна починал.

Во текот на изминатите две недели, илјадници Иранци излегоа на улиците во знак на протест поради смртта на Махса Амини, 22-годишна жена која беше приведена од полицијата за морал во главниот град Техеран.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни