21 лице кои пои учествувале на протестот во скопската населба Ченто се повикани на информативен разговор во полиција, соопшти министерот Чулев.
-До овој момент од страна на СВР Скопје беа поднесени кривични пријави за три лица за што веќе ја информиравме јавноста, а дополнително од нивна страна беше извршено идентификување и беа повикани на разговор 21 лице кое учествувало во настанот и не ја почитувале мерката за забрана на движењето со што сториле кривично дело, напиша Чулев на Фејсбук.
Најави дека во следниот период МВР ќе продолжи да обезбедува доказен материјал за останатите лица и по завршување на постапката за сите лица кои не го почитуваа полицискиот час.
