Имам 27 години искуство како епидемиолог и 36 години работно искуство, мене стилот на живот ми е таков, а фактите ги кажувам в очи и не се либам за тоа, рече вечерва во интервју за МРТ, епидемиологот Жарко Караџовски и претседател на Комисијата за заразни болести.
Тој вели дека пред медиумите е многу искрен и не може да не се каже нешто кога во државата е влошено.
„Не може нешто да е влошено во државата, а ние да молчиме и да не кажуваме. Доколку Македонија не сака најцрно сценарио, а ние сме подготвени и за тоа, мерките се веќе дадени, само треба да се почитуваат“, апелираше Караџовски.
.
