Македонија

Радичевски и Јахиј одат во втор круг во Брвеница

Радичевски и Јахиј одат во втор круг во Брвеница

Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ и Аркин Јахиј од Националната алијанса за интеграција ќе се соочат во вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница.

Според првичните резултати на Државната изборна комисија, по обработката на сите 24 избирачки места, Радичевски освоил 2.945 гласа, односно 38,89 отсто, а Јахиј 2.152 гласа или 28,42 отсто. Радичевски влегува во вториот круг со предност од 793 гласа.

На третото место е Јакуп Хусеини од коалицијата ВЛЕН со 1.529 гласа, односно 20,19 отсто. Јовица Радески од СДСМ и коалицијата освоил 707 гласа или 9,34 отсто.

Кандидатот поддржан од група избирачи, Душан Богдановски, добил 57 гласа, а Арифе Идризи 21 глас.

Од вкупно 16.256 запишани избирачи, на гласање излегле 7.572, односно 46,58 отсто. Неважечки биле 161 гласачко ливче.

Податоците на ДИК се ажурирани утринава во 07:17 часот и се означени како првични резултати.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни