Меѓународните железнички врски меѓу Италија и Франција преку тунелот Фрежус беа прекинати на неодредено време поради големо лизгање на земјиштето во француската област Савој што граничи со Пиемонт, соопшти денеска италијанско-француската меѓувладина комисија за железничката линија Торино-Лион.
Свлечиштето се случило во долината Муриен во неделата попладне, јавува италијанската новинска агенција АНСА.
Комисијата соопшти дека францускиот железнички оператор Sncf ги блокирал сите возови на нивните појдовни станици и дека може да поминат денови, а можеби и недели пред да се обноват услугите.
Иако нема повредени во одронот, на социјалните мрежи брзо се рашири видео од голем облак прашина кој го покрива мостот.
