Учениците од училиштето „Лирија“ во селото Јаболчиште, општина Чашка имаат час по физичко образование. Спортска сала немаат, а ова игралиште го користат само во текот на летово. Во зимскиот период, пак, физичките активности ги одржуваат низ училишните ходници. Друг проблем за овие ученици претставува и недостаток на училници. Сместени во една училница, наставниот процес се одвива во тешки услови за над 35 ученици. Педагогот на училиштето вели дека неколку паралелки имаат поголем број ученици од дозволеното.
Градоначалникот на општина Чашка, вели дека со објавениот тендер се очекува наскоро училиштето во Јаболчиште да добие шест нови училници.
И министерот за образование, Арбр Адеми потврди дека е потпишан тендер за надградба на основното училиште „Лирија“.
Во училиштето „Лирија“ во горно и долно Јаболчиште настава следат околу 800 ученици. Освен недостаток на објект, училиштето има потреба и од нов кадар, со цел учениците од ова село да можат да следат нормална настава.