Тело на 39-годишен маж вчера било пронајдено во дворот на Клиничката болница во Битола, информираат од СВР Битола.
Станува збор за Ј.И. од Струмица. По пријавата, полициски екипи излегле на местото, а телото било предадено на обдукција.
Со обдукцијата треба да се утврди точната причина за смртта. Полицијата работи на расчистување на околностите под кои дошло до смртта.