Свет

40 лица загинаа, 350 повредени во невремето во Авганистан

40 лица загинаа, 350 повредени во невремето во Авганистан

Во обилните дождови на истокот на Авганистан загинаа најмалку 40 лица, а околу 350 се повредени, соопштија денес талибанските власти.

Портпаролот на Министерството за јавно здравје Шарафат Заман Амар потврди дека 40 лица загинале во невремето во понеделникот, а дека 347 повредени се пренесени на лекување во Регионалната болница Нангархар од Џалалабад, главниот град на провинцијата Нангархар и околните области.

Меѓу жртвите има и пет членови на семејството, кои загинаа кога се урна покривот на нивната куќа во областа Сур Род, изјави портпаролот на провинцијата Седикулах Кураиши.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни