Бројот на новороденчиња во Македонија продолжува да се намалува, додека бројот на починати останува поголем од бројот на родени. Во третото тримесечје годинава се родени 4.160 бебиња, што е за 4,8 проценти помалку во споредба со истиот период лани.
Во истиот период починале 4.807 лица, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Разликата меѓу бројот на живородени и починати изнесува 647 лица, што значи дека земјава и во третиот квартал бележи негативен природен прираст.
Од вкупниот број починати, 19 биле доенчиња.
Статистичките податоци повторно укажуваат на неповолни демографски движења, со повеќе починати отколку родени во земјава.