Македонија

41-годишно лице од Неготино насилно влегло во домот на поранешната и и ги одзело двете малолетни деца

Вчера (6 март) околу 15 часот и 40 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 41-годишниот Б.А. од Неготино –Полошко, кој во 13 часот бил пријавен од неговата поранешна 33-годишна сопруга дека со употреба на сила влегол во нејзиниот дом и и ги одзел двете малолетни деца.

Б.А. вчеравечер околу 21 часот бил спроведен на дозиздржување на затворската казната во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ во Скопје, додека децата вратени и се на мајката на која со судско решение  и биле оставени на чување.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни