Македонија

43 македонски државјани се во активна евакуација од Украина

43 македонски државјани се во активна евакуација од Украина

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на брифинг информираше за последните актуелности од надворешната политика.

Тој вели дека од вкупно 120 мапирани граѓани од Македонија, каде дел се украински граѓани, 20 граѓани го искористиле апелот и ја напуштиле Украина пред 24 февруари, односно пред воената инвазија.

Османи додава дека по воената инвазија 20 граѓани ја напуштиле Украина и веќе се пристигнати во земјава.

„43 се во активна евакуација и се на пат за излез од Украина. Од нив 25 веќе се во околните земји, додека 18 се се уште во Украина, но патуваат кон границите во безбедни конвои“, посочи министерот Османи.

Тој додава дека во своите живеалишта во Украина се вкупно 38 македонски граѓани од кои 11 се во Киев, 7 се наоѓаат во Запорожје, а 18 се во другите делови од Украина.

 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни